Владата и во новиот мандат останува посветена на подобрување на економскиот просперитет на сите граѓани, создавање независни институции и обезбедување на механизми во делот на владеење на правото за градење силна, независна и просперитетна држава, беше истакнато на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев со претставници на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД.
Од кабинетот на премиерот информираат дека на состанокот, претставниците на Здружението за заштита на правата на акционери во „Топлификација“ АД информираа за дел од проблемите со кои се соочуваат во изминатиот период.
Тие ја поздравиле заложбата на премиерот Заев да ги разгледа нивните предлози и можни решенија во рамките на надлежностите од делокругот на Владата.
Акционерите на Топлификација тврдат дека преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, бил придружуван од Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.