Стопанска Банка Скопје оштетила над 3600 иматели на приоритетни акции, тврдат акционери на една од најголемите банки во Македонија кои укажуваат на сериозни пропусти за кои надлежните институции допрва треба да испитуваат можен криминал, злоупотреба на службена положба или корупција.

Вкупната штета која што ја трпат овие акционери од 2000г до денеска е околу 5,4 милиони евра.

Акционерите тврдат дека Стопанска Банка која е делумно го сопственост на Грчката национална банка (од Грција доаѓа и генералниот директор) направила грешка поврзана со 3,4 милиони евра дивиденда (2,53% од вкупните средства вложени во основачкиот фонд) како дел од добивка, а 1,8 еур е гарантирана дивиденда која не е исплатена затоа што 20 години била исплаќана смалувана дивиденда.

Менаџментот на банката, како што тврдат акционери не ја исполнила обврската да им исплати дивиденда како дел од добивката, пресметано за годините во кои Банката вршеле распределба на добивката за дивиденда на обичните акции, и
за уште околу 1,8 милиони евра со тоа што Банката за цело време исплаќала гарантирана дивиденда во варијабилен износ што се намалувал секоја година иако оваа дивиденда била одредена како „фиксна дивиденда„ во одлуките за емисија.

Според акционери кои инсистираат на анонимност поради страв од реваншизам на нивни роднини вработени во банката, тврдат дека дополнителен доказ за погрешното и неетичко постапување на Банката е што за истиот период во кој не издвоила 2,53% од дивидендата, таа исплатила огромни награди како надомест за раководниот кадар на Банката.

Врз основа на овие сознанија акционерите испратиле писмо до Надзорниот одбор на Банката укажувајќи на неточниот начин на објавување и пресметка на дивидендата на приоритетните акции. Надзорниот одбор не одговорил и не ги прифатил предлозите за решавање на констатираните недостатоци при пресметката на дивидендата на приоритетните акции и неусогласеност со ЗТД.

Меѓу останатите тврдења на акционери има и такви кои укажуваат на неетички врски меѓу банката и одредени државни институции како и можен непотизам и конфликт на интереси меѓу вработени во банката и луѓе во Народната Банка на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.