Царинската управа на Република Македонија и Пазарната инспекција денеска спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи низ пазарите во неколку градови низ државата (Скопје, Битола и денеска Тетово). Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Оваа акција е дел од редовните контроли, кои ги најавивме претходно. Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра. На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин. На овие производи не е познат составот, потеклото, начинот на производство и нивно чување. Во оваа акција пронајдени се производи за кои допрва ќе се испитува составот кој според првите проценки има мал процент тутун и истиот во пакувања од половина килограм кои не постојат како производ. Против сторителите, како и досега, така и понатаму ќе се преземаат најстроги санкции со цел спречување на оваа појава, соопштуваат од царинската управа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.