Иако Управата за јавни приходи најави дека вратите на канцелариите на УЈП денеска ќе бидат отворени од 7.30 до 16.30 часот, граѓаните кои чекале 5 до 12 за да се регистрираат во системот не успеаја тоа да го направат три часа пред истекот на работното време, пишува Курир.

Според порталот, граѓани се жалеле од неправдата и од некоректниот однос на вработените.

Имаше малку гужва и застанав да почекам ред. Вработените полека станаа и тргнаа кон вратата да си одат. Една жена викна и ги праша каде одат сите кога уште им е работно време, а тие скришум излегоа од просториите и заминаа, вели жена која се обратила до порталот Курир.

Граѓаните се револтирани бидејќи некои од нив не успеале досега да ја завршат обврската бидејќи не можеле да излезат од работа, а сигурни се УЈП „нема да ги затвори вратите“ кога ќе треба да удри по нивниот џеб.

Чуварот ни се развика зошто сме чекале последни денови. Му објаснувавме дека сме на работа и дека сега имаме време. Ни реше „Ајде сега мрш, не работиме“, раскажала скопјанка која чекала денес пред УЈП.

Курир дознава дека на 31 јануари шалтерите ќе примаат пријави само еден час, а не цел ден како што беше најавено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.