Граоналачникот на Свети Николе од редовите на СДСМ Сашо Велковски објави на Фејсбук покана до работниците од „Мода“ на кои не им биле продолжени договорите в понеделник да се јават на состанок во општинската зграда за да се најде решение за новно повторно вработување. На состанокт ќе присуствувал и владин претставник.

Се известуваат поранешните вработени во АД Мода на кои не им се продолжени договорите за работа од 01.07.2021 да дојдат на договорен состанок во големата сала на општина Свети Николе на ден 19.07.2021 година (понеделник) во 14.00 часот со цел изнаоѓање на решение за нивно повторно вработување. На состанокот ќе присуствува советникот на премиерот за труд и социјална политка Милан Живковиќ, пишува Велковски во соопштението не наведувајќи дали отпуштените работници ќе се вратат во „Мода“ или ќе се бара друго решение.

Светиниколчани се крајно револтирани од односот на градскиот татко и сметаат дека се работи за класично предизборно купување гласачи.

Епа вака ќе си играат со луѓето пред избори. „Ајде марш дома“, а после „бидете послушни и гласајте за мене“.  И пак ќе направиме да работите за социјална помош плата. А пак јас велам само Господ напомош нека вие и памет за утре кој разбере добро кој не нека ни е напомош горниот, пишува светиниколчанец во коментарите.

Друг, пак, го прашува градоначалникот дали кога веќе нуди работа, ќе има и за оние кои се под биро или само за отпуштените од „Мода“.

A ние што сме под биро невработените, ќе има ли некој состанок за нас и нас да не ангажирате работно. Ние од што ќе живееме градоначалниче, прашува невработен.

Од светиниколската конфекција „Мода“ за две недели беа отпуштени се преку 250 работници. Поранешниот пратеник од СДСМ Ангел Димитров, актуелен претседател на Организацијата на работавачи и директор на светиниколската модна конфекција „Мода“ само во еден ден поделил 180 отказни решенија. Вработените биле викани еден по еден за да бидат информирани дека се прекинува нивниот работен однос. Се работи за 180 лица од кои некои со досегашните примања обезбедуваа егзистенција за своите семејства. Во најава е дека ќе има нови бркања од работа. Неизвесна е судбината на повеќе од 260 вработени кои остануваат на принуден одмор.

И покрај тоа што вработени од „Мода“ сведочат дека добиле отказ, директорот на фабриката тврди дека нема поделено откани решенија.

Досега немаме поделено отказни решенија на вработените во „Мода“, тврди првиот човек на фабриката, Ангел Димитров во изјава за Пресинг.

Според него само на луѓето кои имале договори на определено време, не им се продолжени договорите.

Станува збор за околу 35 луѓе од едната фирма и дваесетина од другата. Нивните договори не се продолжени, додека на луѓето кои имаат договори на неопределено време, договорите не им се прекинати, од причина што се работи за подолга процедура. Тие луѓе имаат работнички права, треба да се разговара со синдикалната организација, да се види какви се можностите за евентуален прекин на работниот однос, но сето тоа е процедура која трае неколку месеци. Во меѓувреме тие луѓе добиваат плата – вели Димитров, за кого лага се информациите дека откази се поделени на 260 луѓе од „Мода“.

Од друга страна, пак, вработени во „Мода“, кои добиле отказ, за „Република“ објаснуваат како изледале состаноците со ракводството.

Ни беше речено да ги искористиме одморите, а веднаш потоа заминуваме на принуден одмор на 70% плата, а од принуден одмор ни беше речено да не се враќаме. Точно е дека не добивме отказно решение, затоа што за процедурата е потребно време, но време имаат до истекот на принудниот одмор. А што е ако не е отказ кога директорот ќе ти каже да не се враќаш веќе, сведочи за „Република“ светиниколчанка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.