Екипата на „360 степени“, следејќи ги теренските контроли на Управата за јавни приходи, забележала скандалозна ургенција до инспекторите на терен од страна на шефица во УЈП.
Aнтикорупциската комисија најавува дека ќе оформи предмет за случајот со вработената во Управата за јавни приходи, извесна Софче, која телефонски ургираше да не се казнува едно скопско кафуле поради неиздавање фискални сметки.
Ве известуваме дека надлежни служби на Управата за јавни приходи го испитуваат случајот и во зависност од утврдените неправилности ќе се преземат соодветни мерки, велат од УЈП за 360 степени.
Што ќе открие УЈП го интересира и Основното јавно обвинителство – Скопје. Првиот човек на ова обвинителство, Сашо Рајчев, вели дека од тоа зависи нивното идно постапување.
Поранешниот антикорупционер, Ариф Муса, е дециден дека случајот не смее да се занемари и треба да се истера до крај.
Погледнете ја снимката:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.