Агенцијата за храна и ветеринарство, активно спроведуваше надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. Реализирани се 201 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари. При тоа е издаден еден прекршочен платен налог поради немање услови за одржување на хигиена при манипулација со храна, изречени се вкупно 5 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за  безбедност на храна, немање на пишани процедури или неводење на пишани записи. Исто така, издадени се и вкупно 8 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба или неводење на записи за ДХП.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат, покрај активностите кои подразбираат решенија за здравствен надзор и домашна изолација на лица кои биле во контакт со позитивен на КОВИД-19 и решенија за лекување и изолација на лица кои се позитивни на КОВИД-19, спроведе вкупно 108 надзори во субјекти во нивна надлежност, односно во приватни и јавни здравствени установи, како и домови за стари лица, а во врска со почитување на протоколите за заштита на медицинскиот персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од коронавирусот КОВИД-19. Исто така, во овој период издадени се 385 дозволи на транспортери професионални возачи.

Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 22-26 април направи вкупно 56 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Меѓуградските линии Скопје-Куманово и Скопје-Тетово се во целосен прекин. Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 30 контроли. При тоа е констатирано дека нема специфични отстапувања, додаде претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.