На социјалните мрежи денеска хит е Афија Равмановска, вработена во Министерството за финансии под капа на министерката Нина Ангеловска.
Афија вчера го запали „Твитер“ со нејзината „изведба“ од канцелариите на Министерството:
Денеска, пак, твитерџиите не можат да ѝ се донаситат, па од нејзиниот профил на „Тик-ток“ ѝ ги вадат најдобрите изведби во Министерството:
Равмановска преку својот фејсбук-профил соопшти дека видеата се направени после работното време.
Јавно се извинувам доколу ја ставив во несодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, истотака сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.
Видеото е дел од мојата приватна архива на профил-от на Tik Tok и истото е превземено без мое знаење и дозвола и злоупотребено во дневно политички цели. Сакам да Ве информирам дека во моето досегашно работење во ниту еден момент не сум го прекршила кодексот на однесување и секогаш сум допринесувала за максиимални резултати, пишува Равмановска.
Но, јавноста сепак е заинтересирана за администрацијата која се грижи за нашите финансии, како и кој се наоѓа на изборните листи.
Равмановска, за која на социјалните мрежи пишува дека е роднина со сопственикот на „Пуцко петрол“ и долгогодишен градоначалник на општина Пласница, Исмаил Јахоски, се наоѓа и на листата на кандидати за престојните парламентарни избори.
За неа може да гласаат симпатизерите и поддржувачите на ДУИ од петтата изборна единица:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.