Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор реагираат на текстот „СДСМ игра на картата на кратко памтење – 10 заборавени објекти кои Владата не ги става во употреба поради фрустрации“. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:
Во врска со написите во одредени медиуми, должни сме да ја информираме и запознаеме јавноста за следното:
1. Катната гаража Смилевски конгрес – кај музејот Холокаустот во Скопје
Катната гаража Смилевски конгрес, која се наоѓа во близина на Mузејот на холокаустот, е пуштена во употреба и истата успешно работи повеќе од шест месеци во полн капацитет, односно во три смени дневно. Од таа причина како неосновани ги отфрламе тврдењата дека истата не работи веќе подолг временски период. Покрај претходното, би сакале да ја запознаеме јавноста дека започнувањето на изградбата на оваа катна гаража е во спротивност со градежната маркица согласно постоечкиот ДУП и за таа цел Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, поднесе иницијатива до Општина Центар за промена на ДУП-от за соодветната локација, со единствена цел да се запази сооветната правна постапка.
2.Новата зграда на ПУИК
Во врска со административниот објект на АДСДП кој се наоѓа на потегот помеѓу МОБ и МНР, должни сме да Ве известиме дека истиот е во постапка на технички прием и по добивањето на употребната дозвола во него ќе бидат сместени неколку државни институции на кои им е потребен соодветен простор согласно новите измени на Законот за движни и недвижни ствари. Средствата кои ќе се обезбедат од продажбата на административниот објект ќе бидат наменети за предвремена отплата на кредитот кој е земен за изградба на овој објект како и кредитите кои се земени за изградба на катните гаражи кои се наоѓаат во централното градско подрачје. Со оваа деловна одлука ќе се обезбеди значително подобра финансиска кондиција на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, што практично ќе овозможи да се отплатат кредитите кои во овој момент достигнуваат износ од преку 15.000.000,00 евра.
3.Скопски стадион
Во врска со информацијата за Националната арена Тоше Проевски, исто така Ве известиме дека целокупниот простор под трибините е делумно завршен за потребите за Супер купот, односно се завршени приземните катови на источна и северна трибина како и ВИП делот кој беше потребен за одржување на супер купот. Останатиот простор на источна трибина како и неколку катови во северната трибина се наоѓаат во фаза на карабина и истите не се изградени, односно уредени, освен нивниот фасаден дел кој е застаклен. Техничкиот прием за овие простории содржи одредени забелешки кои се отстрануваат и во најкраток можен период овој простор ќе добие употребна дозвола, што впрочем значи дека ќе може да се стопанисува.
Воедно Ве известиме дека просторот под источната трибина на националната арена Тоше Проески е во фаза на припрема и адаптација од технички аспект и во истиот простор ќе биде сместена Дирекцијата на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката кон крајот на 2019 година.
Сите претходно изнесени податоци се резултат на превземените активности во изминатите година и осум месеци, а во насока на подобрување на финансиската состојба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката и во насока на носење на деловни одлуки кои својот ефект го имаат на долгорочен план и се од интерес на Акционерското друштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.