Премиерот во заминување најави дека Администрацијата престанува да користи пластична амбалажа за една употреба.

 

Се грижиме за животната средина! Администрацијата престанува да користи пластична амбалажа за една употреба.

Повеќе нема да се набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба, во ниедна од државните институции, ова на Фејсбук го објави премиерот во заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.