Комисијата за заразни болести на состанокот утринава одлучила административците да не се вратат на работа со полно работно време, односно да работат како досега, објавија неколку портали.
Комисијата требаше да одлучи дали од понеделник Администрацијата ќе се врати на работа, но засега одлуката е да продолжат да работат како досега, во систем на ротација или од дома.
Овој предлог ќе биде испратен до Владата, која на седница треба да одлучува дали ќе го прифати.
Претходно Владата бараше административците да се вратат на работа со полно работно време на почетокот на февруари, но веројатно тоа ќе биде пролонгирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.