Од ЕСМ објавуваат демант на прес-конференцијата на ВМРо-ДПМНЕ од Битола.
АД ЕСМ има склучено договори за осигурување на објектите, опремата и вработените со компаниите Македонија Осигурување, Винер Осигурување и Кроација Осигурување. Фирмата која се посочува во прес конференцијата на опозициската партија има договор за брокерски услуги во однос на осигурувањето.
Сите договори во АД ЕСМ се постигнуваат преку Бирото за јавни набавки по претходно распишани јавни повици. Дури и набавката на енергенси, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, АД ЕСМ ја прави со јавни повици и транспарентно, со цел од една страна да добиеме што повеќе и подобри понуди, а од друга страна да бидеме транспарантни пред јавноста и да го ставиме на увид на јавноста работењето на компанијата која е во државна сопственост.
Оттука, ги демантираме сите наводи за непринципиелни договори и отфрламе било каква основа за договорите освен законската, одредена од Законот за јавни набавки и Законот за трговски друштва – се наведува во реакцијата на ЕСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.