Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива бара од Владата итно да ги ослободи граѓаните од патарините на таканаречениот автопат Тетово-Гостивар.

Овој пат не ги исполнува основните стандарди за автопат, нема алтернативни патишта, нема доволно ленти, а да не ја спомнуваме безбедноста, за што сведочи и големиот број несреќи заради лошиот квалитет на патот и животните кои постојано излегуваат на пат. Од овие причини нема основа за плаќање за користење на овој пат. Затоа бараме да се отстрани данокот на патот до изградбата на нов автопат што веќе е неопходност. Доколку во рок од една недела Владата не донесе одлука, тогаш нашата пратеничка група ќе му предложи на Собранието закон за укинување на данокот за патот Тетово – Гостивар. Ако сегашната влада има тенденција да го игнорира ова барање што доаѓа од граѓаните, тогаш ве известуваме дека на секоја улица во земјата ќе се соочите со нив. Во исто време, ги покануваме граѓаните да го кренат својот глас, да го поддржат ова нивно барање, кое ние само го официјализираме преку институциите, велат од Коалицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.