Индустриското производство во првиот квартал 2019-та година, оној квартал кој што се споредување со исклучително катастрофално нискиот прв квартал во 2018-тата година.Се сеќавате на оние насмеани лица на двоецот, сега веќе двоецот не е троец, Анѓушев – Заев на онаа прес конференција во Владата, изнесува речиси 9%, но додека пак во вториот квартал имаме исклучително катастрофално ниско ниво на пораст на индустриското производство од 1,33 отсто – обелодени лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Трендот на опаѓање од април месец до јуни месец се движи со следните стапки.

Имаме раст од 5,5 во месец април, имаме опаѓање во месец мај од 1,2%, имаме негативно салдо на индустриското производство од 2,7% во месец јуни.За речиси седум пати пониско индустриско производство во вториот квартал имаме во 2019-тата година отколку индустриското производство во првиот квартал од 2019 -тата година. Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал од 2019-тата година веше зголемен за 1,2%, додека пак во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2,3%. Извршените градежни работи во месец април се за 10% пониски од истите извршени градежни работи од месец април 2018-тата година. Во месец мај ситуацијата е уште покатастрофа, 20-тина проценти пониски извршени градежни работи во 2019-тата споредено со извршените градежни работи во 2018-тата. За 15% имаме помалку извршени градежни работи во периодот април-мај 2019-тата споредено со април-мај 2018-тата година – истакна денеска на прес  конференција, Христијан Мицкоски.

Според него сето ова вели дека вториот квартал од 2019-та година ќе биде исклучително лош и растот може да биде незначителен или да биде еднаков на нула, доколку повторно како што тоа беше пракса во минатото, премиерот неколку денови претходно ни ги кажува бројките кој што треба да ни ги соопшти Државниот завод за статистика.

Доколку Државниот завод за статистика професионално ги обработи параметрите од вториот квартал, тогаш економските резултати во вториот квартал од 2019-тата година ќе бидат исклучително, исклучително катастрофални. Блескаме само во оној свет кој што го живее Зоран Заев и неколкумина обожаватели и апологети околу него.- заклучи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.