Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „200“ кажа дека претседателот на Владатa, Зоран Заев вели дека 624 милиони се странските инвестиции во државата.

Имено тој посочи дека Заев истовремено ќе заборави да каже дека 80 проценти од тие инвестиции се практично реинвестирана добивка на компаниите којашто некоја друга Влада, пред да Македонија воопшто отпочне преговори за интегрирање кон ЕУ и пред да стане членка на НАТО Алијансата ги донесе во Македонија.

– Тие ја реинвестираат сопствената добивката затоа што Заев и оваа влада ги качија даноците во оваа држава и мора акумулираната добивка од годините наназад кога работеле во Република Македонија да ја извадат во последниот квартал од претходната фискална година и истата година да ја реинветираат истата година, истакна Мицкоски

Тој додаде дека ако тие компaнии реинвестирале 10 милиони евра во декември 2018, во јануари 2019 ќе реинвестираат за милион ипол помалку затоа што всушност тој е данокот кој треба да се плати на Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.