Премиерот Зоран Заев на својот профил на социјалните мрежи ја најави Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година.
Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места. Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската унија, напиша Заев.
Наспроти ваквите попмезно најавувани реформи во неколку наврати изминатиот период ситуацијата во државата и фактите го говорат спротивното.
Во изминатиот период од почетокот на корона кризата во Македонија над 55 илјади граѓани ги изгубија своите работни места. Владата раскина четири договори со странски инвеститори за неколку месеци кои ја напуштија Македонија. Земјата го надмина дозволениот праг на задолжување според европските критериуми.
Во времето на Заев во последната година, се случи втората најмасовна катастрофа во економијата, по транзицијата. Над 1.5 милијарди евра е зголемен јавниот долг. Земјата има слаба реализација на капиталните инвестиции. Просекот на реализација на капиталните инвестиции во изминатите три години е под 70 проценти што значи дека владата парите на граѓаните наместо да ги инвестира во капитални проекти ги троши расипнички.
Амбасадори и меѓународни институции во своите извештаи јавно посочуваат корупција. Една од забелешките во извештајот на американската фондацијата Херитиџ каде што се наоѓаме на 41 место а бевме на 33 е затоа што владата трошела јавни финансии за социјални трансфери каде постои сомнеж за корупција.
Македонија исто така има пад од неколку места и го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на „Транспаренси интернешнл“.
Заев најави и реформа и развој во Земјоделскиот сектор, а земјоделците секојдневно протестираат и се жалат дека неговата влада го уништи земјоделието. Тутунот стои неоткупен, лозарите и овоштарите се незадоволни и излажани за цените и откупот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.