Професорката Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот централен митинг пред Владата во Скопје, се осврна на најавите од власта дека ќе требало да ангажираат огромен човечки потенцијал, експертски, за да може да се подготвиме за првите поглавија 23, 24, за правда и безбедност, за владеење на право и независно судство.
40.000 вработиле, што прави таа армија на вработени. Па, не се ни усогласени. Премиерот споменува 40.000 административна војска, министерот за финансии вели дека се некаде околу 28 илјади, министерот за информации 25 илјади. Нашето прашање е: Каде се вработени тие луѓе, што работат? Зошто нема ниту еден чекор кон европеизацијата? Зошто освен Преспанскиот дговор и спогодбата не видовме ниту една реформа? Знаеме зошто. Зошто си ги вработија партиските војници, кои не мора да исполнуваат строги критериуми какви што се бараат за администрацијата. А, оние што ги исполнуваат, најшколуваните, најмладите, најумните, си бегаат од Македонија, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.