Доколку СДСМ победи на предвремените парламентарни избори се планира намалување на една петтина од администрацијата, најави претседателот на партијата Зоран Заев на вчерашната прес-конференција.

Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки на checks and balances и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор, најави Заев.

Лидерот на владеачката партија не спомена дали ваквата одлука се должи на барањата во преговорите со Европската унија што се очекува да започнат до крајот на годината, иако овој процес власта го заговара подолго време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.