Ако корона кризата продолжи, голем број работници од туристичкиот сектор ќе останат без работа.

Станува збор за бројка од 4.000 до 20.000 работници. Тие ќе добијат откази доколку кризата со Ковид-19 трае до крајот на оваа година. Ако заврши идниот месец, се проценува дека 12.000 работници би останале без ангажман.

Се бара субвенционирањето на платите да продолжи и во претстојниот период, работодавачите да се ослободат од исплата на К-15, бескаматните кредити да бидат во висина на прикажаните трошоци.

Загубите би изнесувале од 200 до 300 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.