Околу 30.000 пензионери кои земаа пензија преку Македонска пошта отвориле сметка во друга банка, до вчера до кога и имаа рок да го сторат тоа за да ја земат следната пензија.
Останатите 20.000 кои не успеале да го сторат тоа впрочем нема навремено да ги добијат месечните приходи по овој основ. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека тие ќе имаат можност да го сторат тоа подоцна.
Пензионерите не треба да одат во ПИОМ туку само да ја известат новата банка дека преку отворената сметка сакаат да ја примаат пензијата или социјалната помош.
Проблемот се јави по затворањето на Еуростандард банка која имаше договор со банката. Сега се бара нова банка која ќе опслужува на шалтерите на пошти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.