2,6 милијарди евра е зголемен долгот би рекол за овие две – три години од 01.01.2018 година заклучно со вториот квартал оваа година значи 2021 година. А знаете колку е покачен БДП некаде околу милијарда и седумстотини, значи околу милијарда сме во минус, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Говорејќи за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да наметне нови правила, затоа што веројатно е дека општините кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат блокирани, Мицкоски вели:

– Јас тука имам поинаков пристап политички со делигитимирање на изборите, затоа велам не се сите исти, и го повикувам народот да гласа, процедурата е поинаква има фингерптринт. Откако ќе се направи делегитимирање ќе има промени на Илинденска 2.

Според него кога ќе се создаде таква атмосфера на делегитимирање сѐ ќе биде поинаку.

– Ние ќе работиме чесно и честито, а тие не знаат што е тоа, затоа викам да излезат граѓаните и да ја делегитимираме, демолираме оваа власт и заедно со новата локална власт да направиме серизони чекори: Македонија да ја кренеме економски, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.