2 500 вработени во јавното претпријатие „Национални шуми“ сè уште ја немаат земено февруарската плата, поради што останаа и без здравствено осигурување. Вработени од претпријатието кои се обратиле до редакцијата на „360 степени“ реагираат дека се на работ на егзистенција, иако во екот на пандемијата со коронавирусот непрекинато ги извршуваат работните задачи.
Од ЈП „Национални шуми“ го потврдиле застојот во исплатата на платите и велат дека причината е вонредната состојба поради коронавирусот.
Освен што коронавирусот го намали прометот на „Национални шуми“, дел од вработените се и директно засегнати од заразата. Во моментов, 59 вработени од Дирекцијата се во самоизолација откако тројца вработени биле позитивни на тестовите за ковид-19. Административците од дома ги извршуваат работните задачи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.