Државната компанија Електрани на Македонија им исплатила на вработените регрес за годишен одмор за 2020 година во вкупна вредност од 166 милиони денари или над 2,6 милиони евра во текот на овој месец.

К-15 добиле сите 5.661 вработени и тоа по 26.422 денари или по една просечна плата за секој. Исплатата се случила во време на криза, веднаш откако Уставниот суд ја стави вон сила Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци за плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Тоа значи дека исплатата на К-15 е со законска основа. Сепак од Министерството за финансии за Фактор велат дека оваа постапка не е коректна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.