Менаџментот на 1ТВ тврди дека сметката на телевизијата е активна, иако пред тоа Управата за јавни приходи потврди дека сметката е блокирана.

Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда.

Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите.

Претходно од УЈП известија дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана.

Во изјава за „Слободен печат“  образложија за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, „согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.