Илјада и двесте вработени во „Охис“ и денес излегоа пред владата да ги бараат 24 неисплатени плати и придонесите за една година.
Тие го искажуваат своето незадоволство и се чувствуваат изманипулирани од првите луѓе на Владата кои им ветуваа решение, а нема ништо од тоа.
-Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон” АД Охис- се вели во владиното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.