Шпанската компанија „Рубау конструксионес“, фирма изведувач на работите на експресниот пат Градско-Прилеп, најави дека изградбата на оваа делница нема да ја продолжува и дека се раскинати сите договори.
„Рубау Конструксионес“ преку адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” бараат од државата да плати 100 милиони евра пенали за раскинатиот договор.
Од шпанската компанија „Рубау Конструксионес“, го обвинуваат директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов дека поради тесни лични и партиски интереси го раскинал договорот со нив.
Според адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” судскиот процес е веќе во арбитража, и се очекуваа да трае неколку години.
„Рубау“ беше ангажирана за изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп, а инвестицијата за првата фаза изнесуваше 31,8 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.