Десет големи светски компании од областа на енергетиката и градежништвото поднесоа понуди во фазата за претквалификација за проектот Чебрен, односно за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроцентрали на Црна Река, информира Владата.
Комисијата формирана од Владата во наредниот период ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации. Квалификуваните понудувачи ќе бидат поканети во втората фаза, во која ќе можат да достават комплетни понуди за проектот и за нивно учество во Јавно-приватно партнерство со АД Електрани на Македонија за изградба на овој капитален енергетски објект.
Како што е соопштено за изградба на хидроелектраната Чебрен се заинтересирале компаниите:
1. CONSORTIUM ЕNКА – COLIN – ТУРЦИЈА
2. CONSORTIUM PPC – ARCHIRODON -ГРЦИЈА
3. EDF – ФРАНЦИЈА
4. CONSORTIUM COBRA – COBRA HIDRAULIKA – ШПАНИЈА
5. CONSORTIUM EVN – VERBUND – АВСТРИЈА
6. WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – ИТАЛИЈА
7. GEZHOUBA GROUP CHINA – КИНА
8. POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – КИНА
9. CONZORTIUM OZALTIN – YAPI MERKEZI – ТУРЦИЈА
10. CONSORCIUM EIFFAGE-WATERLU-ANDRITZ-NORCONSULT – ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈА
ХЕ Чебрен се планира да се оствари по принципот на јавно-приватно партнерство (ЈПП ), во кое ЕСМ ќе биде јавниот партнер во име на државата во овој голем проект чија инвестициска вредност ќе изнесува минимум 500 – 600 милиони евра.
Хидроелектраната ќе има инсталирана моќност од 333-458 MW, за годишно производство од 1000-1200 GWh електрична енергија (ЕСМ сега вкупно годишно произведува околу 4000 GWh) и со годишна заштеда од 913 000 тони на CО2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.