Единаесет мажи обвинети за киднапирање и групно силување на тинејџерка од Мароко се осудени на по 20 години затвор, соопшти адвокатот на жртвата, за случајот што предизвика гнев на национално ниво.
Кадија Окару, тогаш 17-годишна девојка, во видео објавено на интернет во 2018 година, опиша како била злоупотребувана. Таа раскажа дека членовите на опасната банда ја киднапирале и ја држеле како затвореник два месеца, при што редовно ја силувале и ја мачеле.
Видеото покажа и ужасни лузни наводно од изгореници од цигари и тетоважи врежани на делови од нејзиното тело.
Кривичниот совет на Апелацискиот суд ги прогласил обвинетите за виновни по различни обвиненија, вклучувајќи силување, киднапирање и принуден притвор. Двајца други обвинети се осудени на две години затвор и една година условно. Напаѓачите се казнети и со 200.000 дирхами (околу 19.000 евра).
Според адвокатот на Окару, пресудите се „недоволно тешки“, бидејќи обвинението за трговија со луѓе може да биде казниво до 30 години затвор. Затоа, тој најави дека ќе се жали на пресудата.
Жртвата сè уште е на лекување и она што го поминала ќе биде со неа до крајот на животот – изјави адвокатот.
Жртвите на силување во Мароко често се изложени на двојна траума, затоа што конзервативното муслиманско општество често ги обвинува нив за тоа што го доживеале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.