Денеска, во Изборниот штаб на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ беше склучена коалиција за вториот круг од локалните избори со Коалиција за Албанците и Алтернатива.

На прес-конференција, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски потенцираше дека ова претставува почеток на една плодна политичка соработка.

Ние ја бараме поддршката од сите граѓани, без разлика на нивниот политички предзнак. Верувам и убедени сме дека во вториот круг ќе издвојуваме уште поголема победа. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам и на сите мои против кандидати коишто многу конструктивно во првиот изборен круг ја водеа својата кампања. И да ја поздравам и поддршката на оваа иницијатива на Беким Салиу. Воедно, сето она што беше изнесено од страна на нашите претставници на шефовите на штабови, во иднина ќе направиме се за да го испочитуваме и одржиме. Се работи за еден политички субјект и концепт којшто сака во иднина да делува исклучиво од граѓаните и за граѓаните. Ние ќе се водиме по принципот на унапредување на можностите и правата на сите граѓани – изјави Димитиревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.