Старо-новиот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски ги повикува против кандидатите в понеделник на состанок за да покажат вистински дека Куманово ќе продолжи да се развива и да биде позитивен пример за развој на една општина во Македонија.
Со оглед на тоа што сме граѓанска иницијатива, за сите нас кумановчани важно е да имаме најдобри идеи и проекти за нашиот град. Како градоначалник ветив дека ќе разговарам со сите кандидати за градоначалници за да видиме што е најдобро за нашата општина. Секој од нас зборува за соработка, а всушност ние суштинска соработка немавме. А таа соработка може само да биде добра за граѓаните на нашиот град. Ги повикувам сите мои противкандидати во понеделник во 14:00 часот на состанок кадешто ќе разговараме за нашите изборни програми. Ќе побарам суштинските проекти од нивните програми да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме. Граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес. Концептот „За наше Куманово“ излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град, вели Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.