Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да испрати мислење до кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за потребните временски рокови за спроведување на парламентарните избори.
Членовите на оваа комисија вчера беа на средба со Пендаровски која следуваше по одржаната лидерска средба во вилата „Водно“ во вторникот.
На лидерската во вторникот се разговараше за датум за избори и се постигна консензус пред да се одреди датумот, да се праша во ДИК за мислење за роковите потребни да се организира изборниот процес, во ОБСЕ/ОДИХР кога и колку набљудувачи би можеле да испратат, како и во Комисијата за заразни болести за предвидувањата за состојбата со ковид-19 во наредниот период.
Затоа, лидерите се договорија да се добијат информациите и наредната недела повторно да се сретнат кај Пендаровски.
Министерот за здравство, Венко Филипче, непосредно пред лидерската соопшти дека врз основа на анализите на Комисијата се очекува наредните два месеци да бидат мирен период кога ќе има најзначајно намалување на ширењето на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.