Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер објави фотографија од одбележувањето на годишнината од терористичките напади на 11-ти септември која се најде во центарот на вниманието на целиот свет поради палтото на Меланија.

Никој нема забелешки на изгледот на првата дама на САД,но корисниците на Твитер веднаш пронајдоа еден детаљ на нејзиното палто кое е сошино така што потсетува на сцената од вознемирувачката сцена од 11-ти септември, односно како авион удира во една од кулите на Светскиот трговски центар.

„Спорната“ фотографија беше направена вчера кога во текот на церемонијата Доналд и Меланија Трамп беа во Белата куќа и Пентагон.

На фотографијата се прикажани Доналд и Меланија Трамп завртени со грб. Меланија носи долго палто чии работи се опшиени со бел конец. „Никогаш нема да заборавиме“, пишува на фотографијата.

Твитерџиите веднаш започнаа да објавуваат фотографии на кои што спорниот детаљ е зумиран, а иако навистина сето тоа потсетува на немилата сцена од 11-ти септември 2001-ва година во Њујорк, многумина сметаат дека тоа е „сепак само еден обичен отвор на нејзиното палто“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.