Десетмесечниот Вања Фокин, кој беше затрупан околу 35 часа под урнатините на зградата во Магнитогорск на температура под нула, се разбуди од кома.
Малиот е многу подобро, со видни олеснувања, изјавила руската министерка за здравство Вероника Скворцова.
Скорцова додава дека Вања ги отворил очите и прозборел, што значи дека нема компликации после симнувањето од апарати за дишење.
Десятимесячный Ваня Фокин, спасенный из-под завалов в Магнитогорске, пришел в сознаниеhttps://t.co/sOUIf3S9jz#Магнитогорск #МагнитогорскМыСТобой pic.twitter.com/CjYgApuA0x
— Пятый канал Новости (@5tv) January 7, 2019
Мајка му уште е под стрес, стравот и грижата полека се смируваат. Многу ѝ е подобро кога гледа дека детето напредува, таа толку се радува, рекла министерката.
Малиот Вања ја преживеа експлозијата во станбената зграда во Магнитогорск на последниот ден од 2018 година. Бил 35 часа потрупан под урнатините на -17 степени додека спасувачите дошле до него.
Во експлозијата загинаа 37 лица, а повеќе од стотина се тешко повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.