Делегацијата на Европската Унија во земјава ги осудува личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и го повикува кривичното правосудство да го испита случајот, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Почитувањето на човековите права и владеењето на правото се камен-темелник на Европската Унија, каде секоја личност ги ужива овие права, без оглед на нивната сексуална ориентација. Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше укинат по формална основа, беше првиот закон во земјата во кој беа вклучени родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за дискриминација, се вели во писмената изјава од Делегацијата на ЕУ.

Тие ги повикуваат сите политички партии да го поддржат донесувањето на законот за антидискриминација од страна на новиот парламент како прашање со приоритет, развивајќи ги на тој начин меѓународните стандарди, и останувајќи посветени на унапредување на човековите права на ЛГБТИ лицата во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.