Фудбалската легенда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија се заразиле со коронавирус во март, јавуваат денеска странските медиуми.
Наводно, тоа се случило додека се шетале и се забавувале од САД во Лондон, на почетокот на март.
Според наводите на медиумите, тие се исплашиле дека го рашириле коронавирусот откако неколку мивни вработени исто така се заразиле со ковид-19, после две недели откако патувале со авион низ светот со своите деца.
Тоа се случо меѓи 5 и 19 март, патувајќи од Лос Анџелес до Лондон и од Котсволс до Мајами и назад, без да знаат дека на патувањето се заразиле со вирусот.
На 5 март семејството заминало за Лондон а потоа го продолжиле патувањето до нивниот втор дом во Котсволс за да го прослават 21 роденден на нивниот син Бруклин.
Во периодот што следувал Викторија имала болки во грлото и висока температура, по што се испаничила и го принудила целото семејство да оди во изолација повеќе од две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.