Кондовецот Агим Красниќи по викенд-отсуство не се вратил во затворот во Штип, каде што издржуваше 15-годишна казна затвор. За ова затворот ги известил Управата за извршување санкции, СВР Штип и МВР, од каде што, како што изјавија, преземаат мерки за пронаоѓање на бегалецот. Заедно со Красниќи од затворот е избегани неговиот пријател и соселанец од Кондово, Сехат Рамадани.
Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група“ на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „киднапирање“ и „рекет“. Досега и двајцата имаат отслужено вкупно 12 години, а за доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години.
Агим Красниќи и групата со години, пред апсењето, се политички активни на избори како соработници на ДПА, коалициониот партнер на СДСМ, меѓу албанското население во Кондово и Сарај, но и во Арачиново и кумановскиот крај, потсетува „Вечер“, додавајќи дека токму сега, по две години хибернација, шефот на ДПА Мендух Тачи најави колација со СДСМ.
Весникот потсетува дека Красниќи е гонет за такви дела уште од 2007 година кога еднаш избегал, бил баран со потерница, а потоа сам се пријавил. Кондовската група беше обвинета дека се заканувала со терористички акции, вежбале пукање од топ, а тоа било снимено на лентата на протераната албанска новинарка Рејмонда Малечка. Албанските државјани Бујар и Рејмонда Малечка одлежаа една година затвор за снимките кои што ги направија со дружината на Агим Красниќи. Обвинителството го обвини Красниќи дека тој и неговата дружина на 2 април подготвувале терористички активности. Вооружени и униформирани тие копале ровови во Кондово. Пред камерата на албанската новинарка изведувале воени вежби, стрелале и демонстрирале пукање со топ. Истиот ден, кај Гостивар, полицијата ги уапсила Рајмонда и Бујар Малечка и ги заплени лентата и фотографиите од вежбата на Красниќи и неговата група.
На судењето неговиот адвокат Владо Пешликовски на 16 февруари 2007 ги побиваше видео доказите бидејќи не можат да бидат докази затоа што се објавени како новинарски прилог. Амнести интернешнал во 2006 година во политички процеси го вброи судењето против кондовецот Красниќи кој беше осуден на годинаипол затвор заради киднапирање.
Во Македонија на 1 јуни 2018 година се одржаа избори. Лидерот ан ДПА Мендух Тачи пред изборите изјави дека може да се очекуваат немири, „касапана“ како што изјави тој. Се случија низа насилства и едно убиено лице во Арачиново, а главен предводник на „логистиката“ на ДПА беше токму Агим Красниќи, пишува „Вечер“. По овие крвави настани Мендух Тачи најави оставка од ДПА со образложение дека “дојдено е време за нови лица, ние транзиционите политичари треба да замнеме…“. Оставка не даде, но беше исфрлен од владата и Груевски по овие настани ја започна коалицијата со ДУИ. Заради насилствата на избори беа осудени повеќе лица, меѓу кои и Агим Красниќи.
Трендот на ослободување на сторители на тежок криминал од власта на Зоран Заев, или чудни бегства од затвор на битни луѓе од албанското подземје не е само од денес, со бегствата на Агим Красниќи и Рамадани. Ослободени се Бајруш Сејдиу, Зхир Беќири Чауш, извршителот на вооружен грабеж во Прокредит Банка во 2009-та година Флорим Малоку кој и јавно преку Фејсбук му се заблагодари на Зоран Заев, Фарук Ајдини, кој беше уапсен во полициската акција „Диригент“ во која беа опфатени лица на озлогласената група „Франкфурт мафија“ и десетина други од овој тип осудени се слика на слобода со функционери на СДСМ и тоа се објавува на Фејсбук. Да не спомнуваме за заедничките фотографии на функционери на СДСМ со безмалку целото подземје од Грчец, Чаир и Арачиново.
Бегтвото на Агим Красниќи и Рамадани од затворот во Штип секако не е случајно. Дека е миленик на власта на Заев дополнително говори и фактот што слободните викенди му се дозволени од 2017-та, веднаш по стапувањето на Зоран Заев на власт. Од еден таков, слободен викенд, Агим Красниќи не се врати назад во затворот. Не е неочекувано да го видиме како “логистика“ на наредните парламентарни избори.
Задолжени за затворениите се директорите на затворите и Министерството за правда. Покрај толку бегства, вклучително и на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, се уште нема збор за одговорност во Министерството за правда. Да се потсетиме, СДСМ турка смена на претседателот на Врховен суд Јово Вангловски затоа што со задоцнета судска одлука овозможиле бегство на Сеад Кочан. Сеад Кочан сам се врати во Македонија, и сега е во затвор. Избеганите и пуштени од власта на Зоран Заев не се тука, а одговорност – нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.