Турскиот криминалец Седат Пекер минатата година бил на свадбата на синот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, пишува весникот „Vjesti“.

До септември минатата година Пекер е во Црна Гора и пристустува на свадата на Блажо, синот на претседателот на луксузниот остров С.Стефан.

Медиумите во Црна Гора го забележале возилото на Пекер на пат кон Св. Стефан, а неговиот возач чекал да заврши прославата. Автомобилот на Пекер бил со азербејџански регистарски ознаки.

Пред десетина дена ВМРО-ДПМНЕ објави дека Пекер поседува македонски документи на име Џадин Адемовски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.