Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, апелира да се набават брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test со кои ќе може многу полесно да се открие дали едно лице е заразено со ковид-19 или има инфекција на грип.

Со доаѓање на есента и зимата, оваа година неминовно ќе нè заплисне и сезонскиот грип.

Затоа додека цените на тестовите сè уште не се скапи на светската берза, веднаш набавете ги брзите комбинирани антигенски тестови Covid/InfluenzaA/B Combo test, со кои на релативно евтин и временски краток рок ќе може веднаш да дијагностицираме болни од ковид-19 и сезонски грип.

За еден месец можеби ќе биде предоцна, стои во неговата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.