Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ја посети Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и Полициското одделение во Сарај. Во фокусот на разговорите, како што соопшти МВР, било обезбедувањето на мирни, фер и демократски избори.

Чулев истакнал дека полициските службеници треба да бидат на висина на задачата и да го дадат својот максимум во спречување на евентуални изборни нерегуларности. Ги повикал полициските службеници да постапуваат исклучиво во согласност со законите.

Тоа постапување во согласност со законите е исклучително важно во еден ваков сериозен процес како што се парламентарните избори, кои треба да ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, но и на сите политички чинители во неа. Фер и демократски парламентарни избори се крајниот резултат која треба да произлезе од техничката влада која функционираше во изминатите неколку месеци и сите ние имаме обврска да дадеме придонес изборите да се одржат согласно европските стандарди, нагласил Чулев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.