До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.
Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.
Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.
И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, соопшти Филипче.
Во моментов се тестираат 35 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.