ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на албанската етничка заедница во Република Македонија им го честита 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, .
Македонија била и ќе остане држава во која взаемната почит и негувањето на културна и јазична посебност се темел на кој ја градиме нашата татковина. Јазикот и културата на Албанците во Македонија се дел од мозаикот на мултиетничкото општетсво во кое живееме.
Впрочем и денешното празнување беше воведено и почна во времето кога со државата управуваа Владите на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес во време кога македонскиот јазик, култура и идентитет се оспорувани поради пазарџиските политики на Заев, најдобар одговор кој мораме да го дадеме како граѓани е да застанеме сплотено и заедно во одбраната на правото на секој народ и на секој јазик на своја идентитетска посебност.
Неуспесите на власта и поразите кои и ги сервираат на Македонија носат разочарувања кај народот, но одговорот на тоа мора да биде одлучен, затоа што Македонија има капацитет за влез во Европската Унија, но со нови сили необременети со концесии. Македонија со целата своја традиција на толеранција, взаемна почит и мултикултурализам со векови наназад, покажала и докажала дека ги живее цивилизациските вредности на кои денес е изградена Европа – се наведува во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.