Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев денеска по повод 18-ти Август, Денот на Армијата, испрати честитка до припадниците на Армијата.

Почитувани припадници на Армијата, Во свое лично име, во името на сите членови на Македонскиот полициски синдикат, Ви го честитам „18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија“. Вашето несебично залагање и посветеност во време на прогласена  пандемија од COVID-19, го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани. Ви  посакувам  среќа и успех, како во личните, така и во професионалните ангажмани, напиша Кицев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.