Со реакција за обвинувањата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кон него, се јави и разрешениот директор на техника во М-НАВ, на Климент Чепуњоски. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

– „Почитувани, во последните неколку дена, а особено на прес-конференција за печат, г-дин Рашковски изнесе цела низа на неосновани и невистинити обвинувања против мене. Во насока на одбрана на мојата чест, углед и достоинство, а особено мирот на моето семејство, фактите и аргументите кои ги побиваат тврдењата на г-дин Рашковски ќе ги изнесам пред надлежните органи.“ – вели Чепуњоски во реакцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.