Педијатарот Алма Дрешовиќ пред една недела му го спасила животот на детето кое проголтало шаховска фигура.

Минатиот четврток во околу 19 часот во болницата било донесено дете кое не давало знаци на живот, а со него била неговата мајка која пискала.

Дете на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура – пион. Бидејќи детето веќе не даваше знаци, немав идеја што треба да направам. Во тој момент само знев дека треба некако да ја извадам фигурата затоа што секунди беа во прашање. За среќа, успеав да ја вовлечам раката со тоа што шаховската фигура нема да го уништи хранопроводот и ја извлеков фигурата – изјавила Дрешевиќ.

А потоа, како што додава таа, почнала борбата за живот.

Кога ја извлеков фигурата, морав да правам реанимација уста на уста и масажа на срцето. По две реанимации, го слушнав чукањето на срцето. Кога го направив третиот циклус на реанимација, прво срцето почна да чука, но морав да продолжам, затоа што детето не дишеше“ – раскажува Дрешевиќ.

По четири пати давање на вештачко дишење детето зело воздух и почнало да дише.

Во тој момент знаев дека детето е спасено. Срцето работеше, детето дишеше. Мислев дека треба да биде на респиратор. Но, за моја среќа не беше така. Добив информација дека детето уште од саботата е пуштено дома. Најголемото задоволство кое можев да го доживеам е тоа што детето преживеа“ – изјавила Драшевиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.