Бродовите во цела Грција се закотвени на грчките пристаништа поради дводневниот штрајк на поморската федерација што почна една минута по полноќ и ќе трае до утре на полноќ.

Од федерацијата бараат покачување на платите во колективните работни договори за 2020 и 2021 година и решавање на проблемите во конкретниот сектор.

Паралелно, тие не ја исклучуваат можноста за дополнителни активности и нови штрајкови.

Федерацијата, одржа 48-часовен штрајк и минатиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.