Тренерот на Борусија Менхенгладбах, Марко Росе, од следната сезона ќе седне на клупата на Борусија Дортмунд, потврди денеска неговиот актуелен клуб.
Марко Росе одлучи да ја искористи клаузулата во својот договор, што истекува на крајот на 2022 година, и од ова лето да биде дел од тимот на Борусија Дортмунд – изјави спортскиот директор на бундеслигашот од Менхенгладбах Макс Еберт.
Росе (44) во германската фудбалска јавност важи за тренер со голема иднина, а неговото име изминатите неколку недели често се споменуваше во медиумите како можен наследник на Един Терзиќ на клупата на Борусија Дортмунд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.