СДСМ само ги плаши граѓаните со лепење етикети на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата и повторно нагласуваат дека е формирано мнозинство за пад на владата на Зоран Заев.
„ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кое ја загубат фотелјата. Борбата на СДСМ е за криминал и тендери“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека ќе се обидат да формираат влада, но доколку таа не гарантира дека може да се спроведат потребните реформи, тогаш треба да се оди на предвремени парламентарни избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.