Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешно, 1-1 со Грузија на тешкото гостување во Тбилиси против Грузија на „Динамо Арената“ во вториот натпревар од Лигата на нации кој се одигра вечева.

Селекцијата на Македонија освојува значаен бод во Лигата „Ц“ и сега заедно со грузиската селекција го дели првото место во групата „2“ и без сомнение ќе се води голема борба за првото место кое води во повисок ранг.

Грузија во 13. минута дојде во водство од пенал кој го реализираше Окриашвили, по фаулот во казнетиот простор на Алиоски.

Во 33. минута следуваше израмнувањето, украдовме една топка во средниот ред и во една полуконтра Пандев убаво му асистираше на Ристовски кој стрелаше од непосредна близина (1-1).

Голем проблем за селекторот Игор Ангеловски беше црвениот картон на Муслиу поради прекршок во 64 минута и поради тоа долг период до крајот на мечот моравме да биде во целосна дефанзива.

Резултати, 2. коло

Грузија-Македонија 1:1
Ерменија-Естонија 2:0

Табела:

1. Македонија (3:2) 4 бодови
2. Грузија (2:1) 4
3. Ерменија (3:2) 3
4. Естонија (0:3) 0

Наредни натпревари: 11 октомври Ерменија-Грузија, Естонија-Македонија, 14 октомври Естонија-Ерменија, Македонија-Грузија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.