Пејачката Били Ајлиш опишала како претрпела кошмари откако била изложена на „навредлива“ порнографија од 11-годишна возраст. Ајлиш наполни 20 години во саботата и зборуваше на шоуто Хауард Стерн на радиото „Sirius XM“.
Мислам дека порнографијата е срамота. Порано гледав многу порно, да бидам искрена. Почнав да ја гледам кога имав околу 11 години“, рекла пејачката и додала дека тоа и помогнало да се чувствува како „една од фаците“.
„Мислам дека навистина ми го уништи мозокот и се чувствувам неверојатно уништено што бев изложена на толку многу порно“, додаде таа, велејќи дека страда од кошмари бидејќи некои од содржините што ги гледала биле „толку насилни“.
Ајлиш рече дека сега е лута на себе затоа што мислела дека е во ред да се гледа толку многу порно.
Првите неколку пати кога имав секс, знаете, не реков „не“ на работи кои не беа добри. Тоа беше затоа што мислев дека тоа е она што треба да ми се допаѓа, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.