Откако владиното соопштение не ги даде потребните информации кои ја интересираат јавноста за средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса Билал Касами, се појавија неофицијални информации кои говорат за неусогласени ставови на оваа средба. Најавата за нова средба укажува дека Касами не го добил она што го посакува, а време за договор има уште малку. На Заев му се неопходни гласовите на Беса за обезбедување на двотретинското мнозинство, но ќе биде потребна и поддршката од Алијансата за Албаните на Зијадин Села со кого исто така може да се очекува средба деновиве.

Според неофицијалните информации Беса бара од Заев во државјанството кое ќе биде истакната на личните документи наместо како што е предвидено со Договорот од Преспа да стои Македонско/граѓанин на Северна Република Македонија, да стои само „граѓанин на Македонија“.

Се шпекулира дека двете албански опозициски партии да се тргне и делот во Преамбулата каде е нагласен Македонскиот народ, односно тој да биде ставен во ист кош со другите етнички заедници. Покрај тоа, Беса бара Албанскиот јазик да стане официјален на територијата на цела Македонија.

Сепак, засега е малку веројатно дека ова е прифатливо за Заев но не може да се предвиди што ќе се случува до почетокот на расправа бидејќи во ова фаза е дозволено пратениците да поднесуваат амадмани на амадманите.

Третата, последна фаза од промена на Уставот започнува во среда.Најмногу може да трае десет дена но се очекува гласање да има во петок на 11 јануари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.